Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ИМАЛО ПАЦИЕНТ НА ОПЕРАЦИОНАТА МАСА - засега се знае само дека двајца лекари се степале во операциона сала, настанот се расчистува

ДАЛИ ИМАЛО ПАЦИЕНТ НА ОПЕРАЦИОНАТА МАСА - засега се знае само дека двајца лекари се степале во операциона сала, настанот се расчистува

Додека пациентите од нив очекуваат да ги лечат и оперираат, одредени лекари во некои клинички болници во земјава, може и да се степаат.

За таков еден случај јави и СВР Штип, за Клиничката болница во Штип. Имено, двајца лекари се степале во Клиничката болница – Штип во текот на вчерашниот ден, а според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е пријавен вчера кај нив во 12:45 часот.

„На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил“, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.

Во написот се наведува дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Засега не се знае дали имало пациент на операционата маса додека двајцата лекари си ги одмерувале силите.

Слично

Поврзани вести