Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ИМА СМИСЛА ВАКА ДА ПРОДОЛЖИМЕ? Јакимовски даде предлог за Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило

ДАЛИ ИМА СМИСЛА ВАКА ДА ПРОДОЛЖИМЕ? Јакимовски даде предлог за Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило

Градоначалникот на Карпош. Стевче Јакимовски вели дека за време на генералката која викендов се спроведува на ниво на цела држава, Карпош дал пример.
„„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО КАРПОШ – ЧИСТО, ЗЕЛЕНО, НАШЕ! 

Денеска Карпош повторно даде пример! 

Заедно со вработените во општината, Црвен крст, Ротари Арт, Сојузот на борци и многу волонтери излеговме на терен и собравме над 147 вреќи отпад – хартија, пластика, лименки.

Оваа акција не е само собирање ѓубре, туку битка за нашата животна средина! 

Сепак, морам да кажам ДОСТА Е! 

ЈП Комунална Хигиена и ЈП Паркови и Зеленило со години се однесуваат како Карпош да е заложник на нивната неработа!

Граѓаните плаќаат редовно – над 85% наплата секој месец, а контејнерите се прелеваат, улиците се нечисти, зеленилото запуштено! 

Додека ние се бориме и чистиме, нив ги нема ни за лек!

Дали има смисла вака да продолжиме?

Сметам дека е време овие јавни претпријатија да се поделат на сите скопски општини, со што секоја ќе може да се грижи за својата хигиена – професионално, одговорно и транспарентно! 

Продолжуваме напред со нашите еко активности, затоа што Карпош заслужува да блеска! Зелено, чисто, наше!“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести