Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали има потреба од нови рестрикции?

Дали има потреба од нови рестрикции?

Ниту една јавна здравствена установа во овој момент не е во ризик, изјави денеска министерот на здравство, Венко Филипче. 

Вели дека стратегијата за борба со коронавирусот е добра. Рече дека има генерални, општи, но и специфични мерки. 

„Интензивно ја следиме ситуацијата, засега нема потреба од дополнителни мерки, но и понатаму ќе анализираме“, вели Филипче. 

Се надева дека нема да има потреба од построги мерки, а исто така е со став дека не треба да се продолжи вонредната состојба. 

Министерот го осуди фактот дека и покрај забраната, луѓето организираат семејни собири. 

„Не може да се прави свадба кога е тоа забрането, и згора на тоа да не се соработува, да не се кажуваат точни информации“, рече Филипче. 

Нови 175 заразени има денес во Македонија. 

Дел од нив се заразиле на семејни веселби. 

Слично

Поврзани вести