Дали Игор Југ требал да го ликвидира Заев?
Секој од обвинетите имал своја задача во нападот, тоа ќе го докажаме во текот на постапката, а ќе посочам дека Игор Југ имал задача да го ликвидира Зоран Зоран, рече обвинителката Вилма Русковска во воведното обраќање, образложувајќи го обвинението против 33 лица обвинети за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април лани.
Вели дека нападот на Собранието на 27 април не беше спонтан напад од емоции, туку испланиран од страна на обвинетите.
„Според исказите на многу од сведоците, обвинетиот Игор Југ имал задача физички да го ликвидира Зоран Заев. Доказите ќе прикажат насилство, опасност по живот, крвопролевање, со цел чувство на страв и несигурност кај граѓаните и загрозување на уставниот поредок на државата”- заврши обвинителката Русковска.
Според обвинението, Александар Василевски-Нинџа и Никола Митревски-Кољо заедно го планирале насилниот упад и го координирале сметајќи на поддршката на другите обвинети.
