Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДАЛИ ИДЕНТИТЕТОТ НА СЛОВЕНЦИТЕ СЕ КРАЊСКИОТ КОЛБАС И ПРЕКУМОРСКАТА ГИБАНИЦА?“: Најчевска вели „Ова е прилично голема навреда“

„ДАЛИ ИДЕНТИТЕТОТ НА СЛОВЕНЦИТЕ СЕ КРАЊСКИОТ КОЛБАС И ПРЕКУМОРСКАТА ГИБАНИЦА?“: Најчевска вели „Ова е прилично голема навреда“

Лавина реакции за изјавата на еврокомесарката Марта Кос, дека македонскиот идентитет е и тавче гравче, пинџур, ајвар...

По тој повод се огласи професорката Мирјана Најчевска.

„Дали идентитетот на Словенците се крањскиот колбас и прекуморската гибаница?

Ова е прилично голема навреда ако ме прашувате мене, а уште поголема е ако се има предвид дека доаѓа од припадник на етничка заедница која споделувала со нас заедничка држава.

Инаку таваче гравчето и погачата и пинџурот и полнетите пиперки се медитерански јадења и никако не се доказ за посебноста на нашиот идентитет“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести