Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ И КОИ НАШИ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО СРБИЈА - д-р. Витановска веќе се вакцинирала и кажува што е потребно

ДАЛИ И КОИ НАШИ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО СРБИЈА - д-р. Витановска веќе се вакцинирала и кажува што е потребно

Една лекарка од Македонија, која претходно работела во Србија, и преку нејзини роднини има српски телефон, веќе се вакцинирала против ковид 19 во таа соседна држава.

Приказната и разговорот со неа ја објави телевизија Сител. 

Македонски државјани примаат вакцина против ковид во Србија. Кој се може да се вакцинира, какви се условите, кој се може да се вакцинира, Сител телевизија направи разговор со една лекарка од Македонија. Таа во Бујановац во Србија се вакцинирала со вакцината на кинеската компанија Синофарм, токму онаа за која во моментов, според информациите од македонските здравствени власти, македонската држава преговара за набавка на 300.000 дози. Токму таа вакцина очекуваме да биде испратена во земјава. Додека ја очекуваме, во Србија веќе ја имаат, и тоа во голем број го искористија дел од македонските граѓани за да заминат токму таму и да ја примат првата доза.

Оваа вакцина ја прими доктор Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина. завчера во српскиот град Бујановац. Таа за Сител ТВ ја раскажа својата приказна.

„Вакцината ја примив вчера во Бујановац, каде што се беше организирано. Мене ме примија како доктор од Македонија, и без проблем се вакцинирав. Овој процес го води институтот Торлак. Се е уредно регистрирано. Не можеш да влезеш без претходна најава и без претходно добиен код“, раскажува оваа лекарка.

Може ли некој што живее во Македонија, да се регистрира и да прими вакцина во Србија и кои се условите за тоа?

„Може, така што ќе има српски документ. Јас имам српски документ затоа што порано работев во Србија. Така можев да се најавам, од српски телефон, преку мои роднини, за да ме регистрира Институтот Торлак. Откако стигнав во Бујановац, таму за да ја примите вакцината, дали се чека едвај 15-тина минути. Се е многу уредно органицирано, прво ве повикуваат, ве прегледува доктор, сестрата најавува доза и една сестра ве вакцинира. Таа ќе ви покаже што примате, сестрата всушност ќе ви ја даде во раце вакцината, да знаете што примате“, вели лекарката. 

Немала никакви реакции по примањето на вакцината, потполно одлично се чувствувала. 

„Не забележав други Македонци, населението од Бујановац се вакцинира уредно, тивко, без никакви проблеми. Не се плаќа ништо, ниту можете да платите за да ја добиете“, објаснува Витановска.

Одлучила да се вакцинира затоа што е изложена на контакти со пациенти,  болеста има и потешка форма. 

Се одлучила за кинеска вакциа, бидејќи, како што вели, таа е класична вакцина, како што порано сме примале. 

Нејзината порака до пациентите е дека треба да се вакцинираат, бидејќи поинаку не можеме да излеземе од овој круг на короната. 

Има закажамо за втора доза, по што се добива дигитален сертификат кој ќе го изготви Торлак, и се добива на телефон, во писмена форма.

За информација, пренесува телевизијата, грааѓаните кои од земјава ќе сакаат да се вакцинираат, можат да се обидат, да проверат на веб страницата imunizacija.euprava.gov.rs, таму може да се пополни формулар, српската држава тоа го овозможува дури и за граѓани кои се странци и кои немаат постојан престој, но условот кој се бара во пријавата за пополнување е да имате телефонски број од Србија за да можете да го добиете кодот кој е неопходен за оваа вакцина. 

Извор. Сител.мк  

Слично

Поврзани вести