„ДАЛИ И ДЕЦАТА КОИ ЈА ПРЕЖИВЕАЛЕ НЕСРЕЌАТА СЕ НЕДОБРОНАМЕРНИЦИ“: не запираат препукувањата околу истрагата за несреќата во Кочани
Седницата за интерпелација на министерот Панче Тошковски предизвика бурни полемики во Собранието, но дополнително ги рагоре препукувањата преку социјалните мрежи.
По говорот на министерот во Собранието, конкретно прашање до него упати пратеничката од редовите на опозициската Левица, Јована Мојскоска.
- Досега две девојки (кои ја преживеаја трагедијата) пред јавноста сведочеа дека дел од полициските службеници стоеле настрана и не реагирале додека младите барале помош.
Наместо министерот Тошковски да даде одговор дали е поведена внатрешна контрола и што е утврдено, тој од собраниска говорница кажа дека ваквите информации биле ширени од "недобронамерници".
Дали и децата кои ја преживеале несреќата се "недобронамерници", министре Тошковски? - прашува Мојсоска.
За потсетување интереплацијата на министерот не беше изгласана.
Слично
