Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ХРИСТОСКИ ОТКРИВА ДЕКА ИМА ПРОБЛЕМИ ВО СДСМ? „Онаа човечка блискост, која некогаш беше заштитен знак на СДСМ – се губи“

ДАЛИ ХРИСТОСКИ ОТКРИВА ДЕКА ИМА ПРОБЛЕМИ ВО СДСМ? „Онаа човечка блискост, која некогаш беше заштитен знак на СДСМ – се губи“

Откако изгуби на локалните избори, досегашниот градоначалник на Крушево, Томе Христоски, на социјалните мрежи открива дека во СДСМ е вклучен црвен аларм.
„СДСМ МЕЃУ ИДЕНТИТЕТОТ И ИДНИНАТА

УКЛУЧЕН Е ВЕЌЕ ЦРВЕН АЛАРМ – ОПСТАНОК ИЛИ ЗАПОЧНУВАЊЕ НОВА ЕТАПА!

Дојдено е време кога мора искрено да си кажеме: не е важно кој ќе биде на чело на СДСМ, кој ќе ја има функцијата или титулата.

Нашиот вистински предизвик не е кадровски мора сите да си признаеме, туку тој е демографски, вредносен и идентитетски.

Во последните години, како општество, но особено како партија, се соочуваме со сериозен проблем: стареење на гласачкото тело, стареење на населението, иселување на младите, работоспособните, губење на врската со народот и намалување на довербата.

Онаа човечка блискост, која некогаш беше заштитен знак на СДСМ – се губи. А токму таа блискост беше нашата најголема сила.

Затоа, времето е за вистинска внатрешна промена, не треба да биде козметичка, туку суштинска и темелна.

СДСМ мора повторно да стане движење на идеи и вредности, не организација на функции и позиции.

Партија што ја враќа вербата кај граѓаните – дека работи за нив, а не за себе.

Секоја поделба, секоја елиминација и секоја фракција ја ранува нашата основа.

СДСМ мора повторно да биде едно, да обединува, да води, да носи издржани, основани решенија на проблемите.

Да знаеме дека секој член, секој симпатизер, секој активист е подеднакво важен – затоа што само заедно можеме да изградиме едно општество за сите.

Ни треба нова енергија, нова визија и нова стратегија, но заснована на старите, чесни вредности – еднаквост, солидарност, правда и труд.Секој е потребен, од младинец до ветеран!Секој поединец, група или здружение на граѓани, секој експерт, но и проширување и окрупнување на опозицискиот критички блок, кој ќе им дише секојдневно во вратот на денешната апсолутна власт на ДПМНЕ.

Само така ќе ја вратиме силата, достоинството и кредибилитетот на СДСМ.

Само така повторно ќе ја запалиме искрата на надежта кај народот.

Ова не е борба за фотелји, ова е борба за душата на СДСМ и иднината на државата.

Нашата цел мора да биде јасна – СДСМ повторно да стане победничко движење, партија која обединува, која создава, која води напред.

СДСМ мора, може и ќе биде движечка сила на промените – државотворна партија што ја носи Македонија во ново време.

Партија во која секој член ќе се чувствува слушнат, почитуван и вреден.

Партија што ќе биде коректив на власта, но никогаш нечиј привезок за поткусурување или лични интереси.

Време е да се обединиме, да ја подигнеме главата и да покажеме дека СДСМ живее, дише и се бори за секој човек, за секој дом, за секој град, за секое населено место.

Најбитно од се е дека се враќа критичната мисла, слободата и еднаквоста!

Време е повторно да веруваме – во себе, во СДСМ и во Македонија. 

Само искрено посветени, рамо до рамо со секој вистински член, секој поддржувач на структурните нови политики, идеи, мислења во одбрана или во служба на сите сограѓани.Целта е едноставна да го вратиме победничкиот дух, да ја промениме сликата во денешното и идното време каде СДСМ Е ФАКТОР НА СТАБИЛНИСТ И СИГУРНОСТ!“, напиша тој.




Слично

Поврзани вести