Дали Груевски ќе се појави во јавност по пресудата?
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Интересно ќе биде да се види дали поранешниот премиер Никола Груевски ќе присуствува на судењето, ако се знае дека не се појави на пресудата од две години затворска казна за предметот „Тенк“. Од тогаш, се нема појавено пред јавноста, а изјави даваше само на фејсбук.
Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“, покрај Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Минатото рочиште беше одложено поради неприсуство на обвинетата Марика Зафировска. Нејзиниот адвокат, Дончо Наков рече дека Зафировска била нападната на 1 мај во викендичка во Катланово и дека се уште закрепнува од повредите. Отсуството го оправда со болничко лекување.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
