Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ГРУБИ СЕ ОБИДУВА ДА ГИ „ИСПЕГЛА“ ОДНОСИТЕ СО ГРЦИЈА? Беше на средба со грчката амбасадорка Филипиду, Преспанскиот договор бил во фокусот

ДАЛИ ГРУБИ СЕ ОБИДУВА ДА ГИ „ИСПЕГЛА“ ОДНОСИТЕ СО ГРЦИЈА?  Беше на средба со грчката амбасадорка Филипиду, Преспанскиот договор бил во фокусот

Вчера Артан Груби оствари средба со грчката амбасадорка Софија Филипиду.
„Ми беше задоволство да ја пречекам денес на средба амбасадорката на Република Грција во нашата земја, г-ѓа Софија Филипиду.

Разговаравме за големото значење на европската перспектива на целиот регион, Охридскиот договор, зајакнувањето на добрососедските односи и почитувањето на Преспанскиот договор, билатерален чин кој отвори ново поглавје на соработка за прогресивна иднина на нашите земји.

Никој не изгуби од тој договор, го затворивме повеќегодишниот спор и денеска заедно сме дел од НАТО.

Ја известив амбасадорката Филипиду за цврстиот став на Европскиот фронт земјата да го продолжи нејзиниот чекор кон Европа“, напиша тој на фејсбук.



Слично

Поврзани вести