Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ГАЛЕТАНОВСКИ БИ СЕ ВРАТИЛ ДА ДИРЕКТОРУВА СО ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ? Еве го неговиот одговор

ДАЛИ ГАЛЕТАНОВСКИ БИ СЕ ВРАТИЛ ДА ДИРЕКТОРУВА СО ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ? Еве го неговиот одговор

Откако веднаш по завршувањето на изборите, зоонегувателот Војо Иванов јавно побара од Орце Ѓорѓиевски на директорското место на ЗОО да го постави поранешниот директор, Ѓорѓи Галетановски, се огласи самиот Галетановски на таа тема.

Тој во изјава за Слободен печат рече дека секогаш е тука за ЗОО.

„Знам дека ЗОО Скопје е во многу лоша состојба и се надевам дека ќе дојдат подобри времиња за некогаш најпосетената институција во Македонија. Јас и во минатиот период никогаш не ги оставив и им помагав колку можам и на вработените и на животните. Им благодарам на вработените во ЗОО, јавноста и вам медиумите за грижата за ЗОО и животните. Јас сум моментално советник во град Скопје избран од граѓаните и не сум размислувал нити разговарал за мое враќање таму и секогаш ќе бидам достапен за нив и за животните и колку можам ќе помагам, рече Галетановски.




Слично

Поврзани вести