Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Франција ретерира? „Нон пејперот“ не е официјален документ

Дали Франција ретерира? „Нон пејперот“ не е официјален документ

Државната секретарка во Министерството за вооружени сили на Франција, Женевиев Дариесек, денеска при посетата на Македонија рече дека „нон-пејперот“, што проциркулира низ државите членки на ЕУ а беше објавен во македонските медиуми, е работен документ кој нема никаква официјална важност.

– Тоа е еден работен документ што нема никаква официјална важност, а знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него. Треба кон крајот на месец јуни да размислиме за стигнување до вашата конечна цел. Знам дека беше направена огромна работа, ви претстои уште, и свесни сме за напредокот што го постигна државата – одговори Дариесек која денеска во Битола имаше заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Претходно, сличен став искажаа од Француската амбасада во Македонија.


Слично

Поврзани вести