Дали фирмите плаќаат разумни сметки за интернет и телефон?
Без компјутер, интернет и мобилен телефон веќе е незамисливо да се води бизнис. Трошоците за службени телефони се значајна ставка во трошоците на секоја фирма.
Анкетата на Агенцијата за електронски комуникации покажува дека најголемиот дел од македонските фирми (67 отсто) за телефон, интернет и за телевизија плаќаат помалку од 5.000 денари месечно, односно во просек трошат по 747 денари месечно по вработен.
Дали е ова многу или малку знае секој сопственик на фирма, но според анкетата директорите на само 20 отсто фирми мислат дека добиваат нереално висока сметка, а овој процент е помал за 18 процентни поени во споредба со претходната анкета спроведена во 2013 година.
Слично
