Дали е среќен 8 Март? Марш за правата на жените
По повод празникот на жената 8 Март и оваа година по втор
пат ќе се одржи марш под мотото „Марш за правата на жените”. Настанот е организиран од Платформа за родова
еднаквост и останатите женски организации.
Маршот ќе стартува во 12 часот од Жена Парк преку Плоштад Македонија, Камениот
Мост, а ќе заврши на плоштадот Филип Втори.
Со истото прашање и оваа година - „Дали е среќен 8 Март?“, женските организации ги повикуваат сите девојки, жени,
мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите кои
сметаат дека женските права се важни, како и мажи, момчиња, браќа, синови,
татковци, феминисти и активисти и сите кои ја поддржуваат борбата за женските
права да се придружат и јавно да потсетат дека само со родова еднаквост може да имаме
демократско и еднакво општество.
