Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали е скапо и тешко да се организира бегство?

Дали е скапо и тешко да се организира бегство?

Во Отворено на 24 ТВ вечерва беше кажано дека да се организира бегство е потребна логистика, а секоја патна исправа од било која држава си има своја цена на црниот пазар. 

Беше кажано дека меѓу Македонија, Албанија и Србија може да се помине со лична карта. 

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, на прашањето дали е можно да се вмешани и политичари од регионот во бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски, вели дека сѐ е можно. 

Професорката Мирјана Најчевска рече дека ако Унгарија му даде политички азил на Груевски, со тоа ќе каже дека во Македонија има политички прогон. 

„Пораката е неверојатно страшна за нашата земја, од политички аспект, од меѓународен аспект. За ова сериозно треба да се замислат сите што се занимаваат со надворешни работи“, вели Најчевска. 

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ рече дека за жал кај нас ниту е скапо, ниту е тешко да се организира бегство. 

Слично

Поврзани вести