Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали е Штип пред целосен карантин: Бројот на новозаболени расте

Дали е Штип пред целосен карантин: Бројот на новозаболени расте

Со 14 новозаболени за еден ден во последната статистика од вчера, Штип остана повторно меѓу градовите кои имаат најмногу новозаболени од коронавирусот. Додека надлежните сметаат дека стравувањата за овој град од истокот се најголеми поради неможноста ширењето да се стави под контрола, во градот веќе се зборува дека е можно да биде затворен, слично како што беше тоа со Дебар и со Куманово. Во таков случај би било ограничено движењето на штипјани надвор од градот, но ќе биде лимитиран и велзот во градот. Иако ова е неофицијална информација, сите опции биле отворени. 

Моментално во градот има 46 хоспитализирани пациенти што е впрочем и максимумот. Допрва ќе се отвора и монтажната болница. Најголем проблем во Штип се текстилните фабрики. И од Центарот за јавно здравје го потврдуваат тоа.

„Најголем проблем во моментов во Македонија ни се конфекциите во Штип и во Свети Николе. Оттаму ни тврдат дека целосно ги почитуваат мерките за заштита и протоколите и вработените мора да бидат со маски и дел од инспекциите кои биле таму утврдиле дека тоа е навистина така. Сите фабрики имаат свои автобуси и автбусот вози со 50 отсто од капацитетот. Сепак сите опции се отворени, велат нашите извори.

 Во Штип моментално се активни 380 случаи.

Градоначалникот Благој Бочварски на 22 месецов рече дека Штип се соочува со трет бран на вирусот. Тогаш најави дека сака да не се случи целосно затворање на градот.

„Иако Општина Штип не носи одлука за карантин или полициски час, сакам да го искажам мојот став дека сум оптимист и верувам дека ќе успееме да го пребродиме овој бран, без притоа да се случи делумно или целосно затворање на градот. Затоа ние мораме да направиме се и да не дозволиме да продолжи растот на новозаразени, а со тоа да се преполнат капацитетите на болниците и повторно да се вратиме на поголеми ограничувања во функционирањето“, рече тогаш Бочварски. 

Слично

Поврзани вести