Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ Е РАШКОВСКИ ТОЈ НА СЛИКАТА И ДАЛИ Е ВО КАМП НА ХАЛКИДИКИ - интересна фотографија осамна на фејсбук, а неговиот пасош е одземен

ДАЛИ Е РАШКОВСКИ ТОЈ НА СЛИКАТА И ДАЛИ Е ВО КАМП НА ХАЛКИДИКИ - интересна фотографија осамна на фејсбук, а неговиот пасош е одземен

На социјалните мрежи се појавија фотографии од поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за кои се тврди дека се направени во камп на Халкидики, Грција.

Фотографијата е објавена на фејсбук страната Следиме, каде пишува дека Рашковски е на Хлкидики со одземен пасош. 


Оваа информација веќе ја објавија и некои портали, а од фотографијата не може со сиогурност да се одреди дека станува збор за самиот Рашковски.

Пред само еден месец, отткако голем број медиуми објавија дека од судот побарал да му биде вратен одземениот пасош, што му беше одземен како мерка за да се спречи тој да замине од државата, со реакција се во јавноста се огласи и самиот Рашковски.

Тој негираше дека побарал враќање на пасошот и вели дека станува збор за лажни вести со цел да се „фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек“.

Слично

Поврзани вести