Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ Е ПОРАДИ КАФУЛИЊАТА: За една недела се вакцинирале 50.000 лица

ДАЛИ Е ПОРАДИ КАФУЛИЊАТА: За една недела се вакцинирале 50.000 лица

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Забележан е значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.

 На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани. 

„Со последните бројки 67 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, стои во соопштението.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. 


Слично

Поврзани вести