ДАЛИ Е ОВА СМС ПОРАКА КОЈА РОСИЦА МУ ЈА ПРАТИЛА НА МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ? „Очајно ве молам за помош“
На социјалните мрежи од синоќа се споделува смс порака која наводно била напишана од убиената Росица К. од Велес, а која била упатена до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Автентичноста не е потврдена, но во пораката има наведени броеви од судски предмети.
Иако на фотографијата не се гледа телефонскиот број ниту датум кога истата е испратена, јавноста се крена на нозе.
Во пораката, Росица К. пишува дека со месеци е жртва на тепање, силување, прогон и закани, како и дека автомобилот ѝ бил запален пред пет дена. Најшокантниот дел се однесува на тоа дека осомничениот, и покрај историјата на насилство, повторно го добил пасошот и заминал во странство.

Фотографијата доаѓа на една недела по убиството на Росица К., и нејзиниот татко. Убиецот по убиството се самоуби.
