Дали е ова прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија? Левица тврди дека нови автобуси се набавуваат за приватните превозниси, не за ЈСП
Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски вчера најави дека од понеделник ќе почнат да возат 55 нови автобуси на приватните превозници, обвинуваат од Левица.
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, поради што јавниот превоз колабираше, главниот град беше во хаос.
Денес, кога ја имаат целата власт, се обидуваат да изиграат спасители и најавуваат 55 автобуси од приватници, наместо системско јакнење на ЈСП.
Се поставува прашањето зошто на Орце Ѓорѓиевски и на советниците на ДПМНЕ приоритет им е набавка на нови автобуси за приватните превозници, наместо за Јавното сообраќајно претпријатие?!
Истите тие што беа против купување на нови автобуси, сега носат импровизирани решенија.
Истиот двоен стандард го гледаме и со Градска хигиена, Скопје тонеше во смет поради нивните блокади, а сега се сликаат со метли како да го чистат туѓиот неред.
Дали ова е прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија?
Советниците на Левица во Советот на Град Скопје ќе се спротистават на секоја одлука која ќе го приоретизизира приватниот, пред јавниот интерес и нема да дозволиме дополнително уништување на јавните претпријатија!
Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и политички маркетинг“, велат од партијата.
Фото: Левица
Слично
