Дали е можно бројот на бегалци од Авганистан да се зголеми?
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 изјави дека тие одлучуваат колкав ќе биде бројот на бегалци од Авганистан.
„Не станува збор за голема бројка и не очекувам дека можеме да ја зголемиме повеќе, иако ние одлучуваме за тоа која ќе биде бројката на лица кои можеме да ги сместиме тука“, вели Спасовски.
Деновиве ќе стигнат 450 бегалци кои ќе бидат сместени во хотели и мотели, а премиерот Зоран Заев рече дека граѓаните треба да бидат горди.
Слично
