Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ Е МОЖНО - Лекцијата од Ласкарци заборавена, дури 23 автобуси и комбиња откриени со расипани сопирачки

ДАЛИ Е МОЖНО - Лекцијата од Ласкарци заборавена, дури 23 автобуси и комбиња откриени со расипани сопирачки

Нашите превозници изгледа не ја научија лекцијата со страотната сообраќајна несреќа која се случи кај Ласкарци, во која животот го изгубија 16 луѓе.

Според Обвинителството, главните причини за таа несреќа биле неприлагодената брзина, која била штелувана, како и неисправноста на сопирачките.

А денеска МВР соопштува дека по контролите кои ги направиле, санкционирале дури 28 возила кои вршат меѓуградски превоз, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање.

Човек да се запраша дали е ова можно.

„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.),во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници. Санкционирани се 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци“, информираше полицијата. 

Од МВР предупредуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слично

Поврзани вести