Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ Е КОИНЦИДЕНЦИЈА ШТО САМО ДРЖАВИТЕ СО МУСЛИМАНСКО НАСЕЛЕНИЕ ЗАГЛАВИЈА ПРЕД ЕУ - професорката Најчевска разработува интересна теза

ДАЛИ Е КОИНЦИДЕНЦИЈА ШТО САМО ДРЖАВИТЕ СО МУСЛИМАНСКО НАСЕЛЕНИЕ ЗАГЛАВИЈА ПРЕД ЕУ - професорката Најчевска разработува интересна теза

Професорката Мирјана Најчевска на фејсбук со брилијантна анализа за тоа како само државите во европа кои имаат значаен број муслиманско население, никако не можат да влезат во Европската унија.
Дали е тоа само коинциденција, се прашува преку својот фејсбук профил професорката Најчевска. 
Еве што напиша професорката на својот фејсбук профил. 
„Интересно, пред вратите на ЕУ заглавија Турција, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Сигурна сум дека е само коинциденција тоа дека сите овие држави имаат значаен број традиционално присутно муслиманско население.

И сигурна сум дека е само коинциденција тоа дека во ЕУ нема држава со мнозинско или со значаен број традиционално присутно муслиманско население.

Турција беше прва пред ЕУ вратите. Ја држеа во чекална се додека не се создадоа услови за доаѓање на некој како Ердоган и сега имаат легитимна причина да не започнуваат преговори. Коинциденција.

Македонија беше оценета од Бадентер на исто ниво како и Словенија и беше единствена од републиките на СФРЈ која успеа да излезе од федерацијата без конфликт. Па се појави Грција, па се иницираше меѓуетнички конфликт (увезен од Косово), па Германија го устоличи Груевски, па кога ова глупавиве Македонци успееа да се справат со сето тоа им ја насскаа Бугарија. Коинциденција.

Албанија, епа не може да влезе без Македонија. Коинциденција.

Босна и Херцеговина, најголемата жртва од распадот на СФРЈ, и единствена заради која има се уште судења пред Хашкиот трибунал и обвинети и осудени (Милошевиќ, Младиќ, Шешељ) се по ред Срби, ама кои немаат врска со Србија која впрочем доби датум за преговори. Коинциденција.

Малку премногу коинциденции се собраа. Ама така оди тоа со коинциденциите“, пишува професорката Најчевска.

Слично

Поврзани вести