Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Џамбаски упати закани по живот за Пендаровски?

Дали Џамбаски упати закани по живот за Пендаровски?

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски упати сериозни закани кон македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој побара власта да забрани влез во Македонија за него и за неколку други бугарски државјани. 

Џамбаски во интервју за софиската Нова ТВ најави дека секако ќе дојде на 4 февруари во Скопје иако не го планирал тоа. Додава дека сега е решен да го посети гробот на револуционерот Гоце Делчев, бидејќи „коминтерновецот“ Стево Пендаровски бара да му се забрани влез во Македонија. На Пендаровски му испрати порака преку која тој би требало да се потсети на некогашниот југословенски крал Караѓорѓевиќ и што за тоа во поглед на ВМРО вели историјата (кралот беше убиен во атентат во Марсеј во 1934 година, н.з.).

„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, изјави Џамбаски.

За изјавата на Пендароваски за „руска врска“ кај некои бугарски политичари, Џамбаски вели дека таква „руска - српска врска има во Скопје, не во Бугарија“. И тој го поврзува Скопје со Белград и Москва. 

И екс министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева вели дека Пендаровски работел во корист на Белград и Москва. 

Претходно, три лица во Охрид нападнаа момче кое било секретар во бугарскиот клуб, по што Софија прати авион и го однесе на лекување во Бугарија. Источниот сосед тврди дека Бугарите во Македонија се под притисок и се дискриминирани. 

Но, потоа се појавија фотографии кои укажуваат дека момчето одело на минтинзи, се фотографирало со политичари од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести