Дали доаѓањето на Палмер ќе го одложи гласањето во Собранието?
Владини неофицијални извори за Дојче Веле најавуваат дека најавата за доаѓањето на американскиот функционер Метју Палмер в понеделник во посета на Македонија нема да влијае за евентуално пристапување кон гласање за измени на Уставот во Собранието на РМ. Од Владата рекле дека тоа е „претходно договорена, редовна посета“, и не треба да се поврзува со динамиката на собраниската седница.
На претходното продолжение, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нивната Коалиција „За подобра Македонија“, најавија дека се откажуваат од дебатата која ја нарекоа „јалова“ и соопштија дека ќе гласаат против уставни измени, но премиерот Зоран Заев и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, најавија дека денеска е денот на одлуак. Останува да се види дали ќе се остварат најавите, особено што за збор преостанаа уште десетина пратеници од листата.
Најавата дека в понеделник во Македонија доаѓа заменик-помошникот државен секретар за европски прашања Метју Палмер „на разговори за поддршката на САД на Договорот од Преспа и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија“, отвори извесни дилеми во јавноста: дали можеби гласањето ќе биде одложено до завршувањето на неговата посета.
Во овој контекст е и реакцијата на ДУИ, дека не треба да се избрзува со гласањето доколку нема се уште двотретинско мнозинство, односно најмалку 80 пратеници за преминување кон измена на уставниоте амандмани.
