Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ДО ОВА НИ ДОЈДЕ - миленици да се возат во автобус, а возачите не ги „фермаат“ ни граѓаните

ДАЛИ ДО ОВА НИ ДОЈДЕ - миленици да се возат во автобус, а возачите не ги „фермаат“ ни граѓаните

Советниците на Зелен хуман град започнаа иницијатива со гласање до Советот на Градот Скопје да се дозволи сопствениците на миленици заедно да користат јавен транспорт. Се бара измена и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, преку што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба или не, доколку се уредно сместени во транспортер за мачки и другите мали миленици или се на поводник, доколку се кучиња.

Како што велат од ЗХГ, граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните групи во Македонија, бидејќи доколку не располагаат со сопствено возило или немаат доволно пари за такси превоз, немаат никаков начин да го транспортираат миленикот бидејќи во земјава не смееат да користат ниту еден јавен транспорт.

„Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на милениците, а од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив“, велат активистите од ЗХГ.

Сепак, некои граѓани го поставуваат прашањето дали во земјава баш ни дојде и до ова право на газдите на милениците, кога правото на нормален и достоинствен превоз не им е овозможен ниту на граѓаните.

Како што е познато, најголемиот дел од возачите на ЈСП, заедно со контролорите, се нељубезни, не сеоднесуваат достоинствено кон граѓаните, возат пребрзо и нагло кочат, поради што и многу патници се повредени.

Слично

Поврзани вести