ДАЛИ ДИВОГРАДБИТЕ ЈА „ПОПЛАВИЈА“ БУГАРИЈА? Силјановска Давкова понуди помош на соседите
Јужниот брег на бугарското приморје е поплавено од катастрофални поплави кои однесоа најмалку 4 животи а евакуираа стотици луѓе.
Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова му понуди помош на бугарскиот колега Румен Радев. Таа телефонски се слушнала со Радев, изразила сочуство и понудила помош од Македонија.
Причина за поплавите според метеоролозите е метеоролошкиот феномен познат како „Медикејн“, ураган од медитеранот кој донесе големи количини дожд за многу кратко време. Најтешко погоден е регионот во и околу општината Царево, каде реките се излеаја од коритата и со себе носеа се' што им се најде на патот.
Според бугарските медиуми, причината директно е човечкиот фактор, поточно, неконтролираната градба во коритата на реките и на крајбрежјето. Изминатите години, голем број диввоградби беа изградени во овој дел од земјата. Многу од природните одводи на водата биле затрупани или пренасочени, што придонесе надојдените води да немаат каде да истечат и да се претворат во разорно цунами.
