Дали ДИК е подготвена за локалните избори закажани за 15 октомври?
Завршени се најголем дел од планираните активности за локалните избори 2017 закажани за 15 октомври, изјави во интервју за МИА претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.
Објасни дека подготовките за локалните избори започнале веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори.
„Во моментов исто така се изготвуваат и доставуваат решенијата за избор на членовите на избирачките одбори. Тоа е сложена логистичка операција. Треба да се има предвид дека околу 34.000 членови на избирачките одбори беа избрани во минатиот период“ – вели Чичаковски.
Во моментов сите општински изборни комисии се целосно оперативни и ги добиле потребните просторни, технички услови од општините и нормално функционираат.
Слично
