Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДАЛИ ДЕНЕС МИРНО СПИЕТЕ СИТЕ 102 ПРАТЕНИКА ШТО НЕ ДАДОВТЕ ПОДДРШКА?!?“: Зајкова по свирепото убиство и самоубиство во Велес

„ДАЛИ ДЕНЕС МИРНО СПИЕТЕ СИТЕ 102 ПРАТЕНИКА ШТО НЕ ДАДОВТЕ ПОДДРШКА?!?“: Зајкова по свирепото убиство и самоубиство во Велес

Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 што пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е. Ниту една повеќе да не биде жртва на насилство и фемицид.

Ова го објави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова која денеска се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови.

На седницата во Собранието, одржана на 1 април, ЛДП поднесе предлог за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.

Предлогот значеше дека покрај забраната за приближување, сторителот на себе треба да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри.

Предлог законот не се изгласа, односно на седницата доби подршка само од 12 пратеници/чки, додека 102 пратеника воопшто не се изјаснија.



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести