Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали делта плус сојот е присутен во Македонија?

Дали делта плус сојот е присутен во Македонија?

Анализите на Институтот за јавно здравје не утврдија присуство на делта плус сојот на коронавирусот. 

Овој сој брзо се шири во светот, а веќе е детектиран и во регионот. 

„Не може да го спречиме вирусот да дојде кај нас, што значи голема е веројатноста и ризикот дека ни предстои еден силен бран. Немаме друг механизам како да се бориме, гледаме како се преполни болниците во сите земји од регионот. Апелирам граѓаните да се вакцинираат. За да постигнеме вакцинација од близу 70% од вкупното население треба да се вакцинираат уште помеѓу 400-450.000 граѓани“, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5. 

Вели дека граѓаните мора да водат сметка не само за своите права, туку и за обврските кои ги имаат.  Филипче објасни дека граѓаните кои имаат контраиндикации од вакцините, а тој број е многу мал, нема да треба да се вакцинираат, ниту да прават ПЦР тестови, туку доволна ќе биде потврда од одреден специјалист дека не може да примат вакцина. 

За 24 часа во Македонија има 155 заразени и 13 починати од вирусот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести