Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали дексаметазонот се користи за лекување на инфицирани кај нас?

Дали дексаметазонот се користи за лекување на инфицирани кај нас?

За дексаметазонот,  директорката на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ вели дека го користела и дека имал позитивни ефекти. 

Таа рече дека се следат препораките од целиот свет во однос на лекувањето. 

Вели дека она што беше напишано и се појави во медиумите, е сумирано од искуство на голем број пациенти. 

Светската здравствена организација ќе ги обнови упаствата кои ќе се однесуваат за третман на пациентите болни од корона вирусот со тешка клиничка слика, за да ги утврдат сознанијата и резултатите од големата клиничка студија која покажа дека дексаметазонот може да ја намали смртноста кај оние кои се лекуваат, а се во животозагрожувачка состојба. 

Клиничките упатства на СЗО за третман на пациенти заразени со коронавирус вирус се насочени кон лекарите и другите здравствени работници и се наменети за користење на најновите податоци за тоа како најдобро да се справуваат со сите фази на болеста.

Слично

Поврзани вести