ДАЛИ ДА ПИШУВАМЕ СО „ТАА, ЧИЕ ИМЕ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ СПОМЕНУВАНО“ - новинарите и јавноста не можат да си дојдат на себе од „идејата“ на директорката
Откако реагираа ЗНМ и Синдикатот на новинари, не стивнуваат реакциите во јавноста за „идејата“ на директорката на Козле дека не треба да и се спомнува името во јавноста.
„Ахахахах. Абе луѓе ќе пукнам. Ахахахаха. Ма ова бре завршило факултет и лечи деца. Ова е бре неписмено. Вака ќе излезе секој политичар и ќе им каже на медиумите дека може само убави нешта за него да пишуваат, а под морална и материјална одговорност ќе изјават дека се друго не прифаќаат. Зини земјо голтни ме. Ма глупи како точаци од прв до последен. Може ќе побараат и закон за заштита на името и честа на секој политичар и носител на функција. А критика директорке? А контрола? А одговорност за она што се прави?“, пишува професорката Мирјана Најчевска.
„Докторкана директорка од Козле што забрани да се спомнува во “лошо светло”, плавуша да не е? Ало Таравари, бриши такви интелектуални примитивци!!“, напиша Зоран Иванов.
