Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали „чистката“ во ВМРО-ДПМНЕ може да се спореди со онаа од 2004 година?

Дали „чистката“ во ВМРО-ДПМНЕ може да се спореди со онаа од 2004 година?

За „чистката“ во ВМРО-ДПМНЕ експертите во синоќешното издание на емисијата 360 Степени на Алсат - М рекоа дека не може да се спореди со онаа од 2004-тата година, кога Никола Груевски го отстрани од партијата Љубчо Георгиевски и неговите следбеници.

Според универзитетскиот професор, Љупчо Ристовски аналогијата не е можна бидејќи Мицкоски не го отстрани и неговиот претходник Никола Груевски.

Професорот и екс премиер Владо Бучковски,  вели дека во 2004-тата било јасно ребрендирањето на ВМРО, што сега не го гледа. Бучковски сепак оцени дека не треба да се потценува и сегашното ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата би можела брзо да стане фаворит на следни избори. 

Слично

Поврзани вести