Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали „бомбите“ на Ел Чека имаат врска со СДСМ?

Дали „бомбите“ на Ел Чека имаат врска со СДСМ?

„Бомбите“ на „Ел Чека“ не се од СДСМ, вели премиерот Зоран Заев. 

Тој рече дека сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство. За „бомбите“ на кичевецот гарантира дека не се од неговата партија. 

„Очекувам истражните органи да откријат од каде потекнуваат и да постапат согласно законот. Воспоставивме закон и дел од Пржинскиот договор беше и оваа законска регулатива што е денеска е на сила и по неа треба да се постапува“ – изјави Заев.

Премиерот вели дека „бомбите“ во најголем дел се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт.

„Ел Чека“ ја бранува јавноста затоа што на социјалните мрежи објавуваше „бомби“ за функционери на ДУИ. 

Профилите на Фејсбук од кои минатата недела објавуваше разговори мегу поранешни и сегашни функционери, повеќе ги нема на оваа социјална мрежа откако тоа го побара обвинителството и полицијата.

Од кичевското обивнителство кое минатиот петок ја презема истрагата за „Ел Чека“, нема нови информациии. Обвинителството ќе треба да открие и од каде излегле прислушуваните и како стасале до Чикаго.

Слично

Поврзани вести