Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали „бомбите“ ќе станат историско богатство?

Дали „бомбите“ ќе станат историско богатство?

Осум истраги на СЈО висат. 

Тие зависат од тоа како во новиот закон ќе биде решена актуелната одредба која утврдува дека СЈО има 18 месеци од преземање на предметите и материјалите за подигнување на обвиненија.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева бара да се надмине оваа пречка. Јанева предлага да „бомбите“ да станат историско богатство.

Професорите Гордан Калјџиев и Гордана Лажетиќ се со став дека политичарите во Македонија се посилни од правото, но СЈО мора да опстои. 

Калајџиев смета дека СЈО не требало да презема предмети од редовното обвинителство затоа што ризикува да ги застари. Лажетиќ вели дека нема застарување и дека Врховниот суд се става во функција на политиката. 

Во Министерството за правда има неколку верзии за тоа како да се уреди статусот на СЈО. Обвинителката Јанева доставила своја верзија со предлози, и бара СЈО да биде трајно обвинителство, со автономија без да им се мешаат во предметите, да имаат финансиска независност, своите предмети да ги застапуваат пред основните судови и апелација, но пред Врховен да одат републичките обвинители.

Слично

Поврзани вести