Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Богдан Илиевски ќе биде амнестиран?

Дали Богдан Илиевски ќе биде амнестиран?

Откако премиерот Зоран Заев најави донесување на закон за амнестија на дел од обвинетите за собраниските настани на 27 април минатата година, почна да се промовира идејата за помирување. 

Богдан Илиевски, oд движењето „За заедничка Македонија“, кој е обвинет за случувањата за 27 април лани во Собранието, денеска изјави дека не знае дали ќе биде амнестиран.

„Не знам дали ќе бидам опфатен во амнестијата, јас не изготвувам никаков закон. На крај можам да кажам дека слободата е вистинска правда за тие што сме неправилно обвинети“, рече Илиевски.

Амнестија за насилниците не смее да има, насилниците не смеат да бидат амнестирани, вели министерката за правда, Рената Дескоска Треневска.

„Кога се прави закон за амнестија се прави по конкретни членови. Во законот за амнестија треба да се дефинира точно кои кривични дела врз основа на Кривичниот законик би ги опфатло“, изјави таа. 

Министерката рече дека ресорот правда не подготвува закон за амнестија за настаните во Собранието од 27 април и дека такво решение најверојатно подготвува собраниското тело за помирување.

Според неа, факт е дека против сите тие лица не се водат кривични постапки.

Слично

Поврзани вести