Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали би требало да ги знаете платите на колегите?

Дали би требало да ги знаете платите на колегите?

Ако работите во приватниот сектор, веројатно платите би биле тајна и не би знаеле кој колку заработува. 

Доколку работите во голема меѓународна компанија, веројатно и во договорот ќе ви биде наведено дека оваа информација не смеете да ја споделите со колегите. 

Голем дел од работодавачите во приватниот сектор сметаат дека дискрекцијата е важна затоа што ако работниците имаат увид во туѓите плати, ќе се јави револт кај оние кои сметаат дека заслужуваат и придонесуваат повеќе и ќе бараат покачување. 

Тоа барање може да биде субјективно, а некогаш луѓето и немаат увид колку и што работи некој нивни колега. 

Сепак направено е едно истражување од Жоел Гасон кој тврди дека транспарентноста е добра работа, така што работниците имаат увид во платите, а приходите се одредени врз основа на искуство, работен стаж и вештините на работникот. 

Слично

Поврзани вести