Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку јавен оглас бара раководител за правна служа, а лицето кое ќе ја добие оваа позиција ќе има солидна плата, особено имајќи ги предвид платите во земјава. 

Огласот кој е поставен на веб страната на Агенцијата за администрација, откива дека Фондот тежнее да ја пополни позицијата раководител на одделение за правни работи во рамки на Секторот за човечки ресурси, правни и општи работи во централата, каде што ќе биде ангажиран еден извршител. 

Притоа е посочено дека заинтересираните мора да ги исполнуваат општите услови, односно да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија. 

Меѓу посебните услови, од заинтересираните се бара завршено високо образование – VII/1 степен или 240 ЕКТС кредити од областа на правните науки, најмалку 4 години искуство во струката, од кои една година во јавен сектор, или 6 години искуство, од кои 2 години на раководна позиција во приватен сектор. 

Дополнително, потребни се:  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик  и положен правосуден испит. 

Работното време е вообичаено како и за другите административни службеници, однсоно од понеделник до петок, со 40 часа неделно, во период меѓу 07:30 и 16:30 часот, зависно од распоредот. 

Од објавата на веб страната на Агенцијата може да се види дека за оваа раководна позиција, лицето кое ќе биде вработени ќе добива нето-платата од 52.740 денари. Ова значи дека трошокот на Фондот ќе биде уште поголем, бидејќи ќе треба да се платат и придонесите за лицето кое ќе биде вработено. 

П.О.

Слично

Поврзани вести