Дали би ја напуштиле работата за да правите видео игри?
Никола Георгиев од Бугарија имал убава работа во ИТ сферата, но му била здодевна.
Тој бил голем љубител на видео игрите и со еден колега почнале да работат на создавање на видео игра. Прво работеле во слободно време за време на викенди и доцна навечер, но по неколку месеци ја напуштил работата и се оддал целосно на своето хоби.
Две години подоцна видео играта е реалност и ќе се појави на мобилните уреди. Се работи за видео игра во која пират решил да украде богатство во длабочините на океанот, а него го чува октопод.
Играта е претставена неодамна во Лондон, а тој е убеден дека ќе има успех.
„Човек, ако не си ги следи соништата знае дека нема да му се случат и толку“- вели тој.
Неговиот пример покажува дека хобито може да стане професија и да донесе профит.
