Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали БЕСА ги „кочи“ уставните измени?

Дали БЕСА ги „кочи“ уставните измени?

Ние двајцата пратеници од БЕСА ја поддржавме иницијалната постапка за уставните измени, но во текот на процесот се променија правилата на игра, се додадоа и некои нови работи кои за нас се спорни, изјави денеска Фадил Зендели од БЕСА. 

„Затоа одговорност треба да преземат тие што ги менуваат правилата на играта, наметнуваат нови правила, што не беа дел од уставните измени, ниту од дебатата за уставните измени. Османи да оди да ги праша Албанците дали прифаќаат во државјанството да бидат именувани како Македонци. Ако најде некој со поддржа тогаш и ние ќе го поддржиме“, вели Зендели.

Изрази задоволство поради конструктивниот разговор со Села, истакнувајќи дека Алијансата за Албанците со својата определба за НАТО и за ЕУ секако и во делот на сензитивноста кон македонскиот дел од народот во РМ, продолжува во тој дух.

– Вториот амандман што всушност е прифатен и од Алијансата за Албанците и од делот на Беса е дискусијата за амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ за да биде еднакво водењето на грижата на државата спрема сите граѓани коишто живеат во дијаспората благодарение на нивната дискусија останува да биде како што веќе е прифатено основната нивна дискусија и барање да биде „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија“ – нагласи премиерот.

Истакна дека третата работа што е прифатена од страна на Алијансата за Албанците е дополнувањето на Уставниот закон во однос на Косово, односно, каде што покрај четирите соседи се впишува и петтиот сосед којшто е признаен од Република Македонија – Косово.

Премиерот Зоран Заев рече дека на средбата со Зијадин Села е потврдено дека Алијансата за Албанците ќе даде поддршка уставните амандмани и уставниот процес во Собранието, изразувајќи уверување дека истото ќе се случи и со БЕСА. 

„Делот на државјанството е нотирано во самиот Уставен законик. Секако ние имаме разбирања за она што значи потребата од етничка определба на граѓаните. Во самиот Уставен законик којшто е предложен од кај нас стои дека „државјанството е македонско/граѓани на Северна Македонија што не имплицира етничка припадност, тоа е граѓанство, тоа е државјанство, тоа не е етничка припадност. Но, ако мислат дека постојат формулации и реченици со коишто што ќе им дадеме право, опција на граѓани да се определат дека се граѓани на Република Северна Македонија тоа се однесува пред се на помалкубројните етнички заедници тоа е вредно за разговори. Јас верувам со Беса и тука ќе се одвиваат самите разговори“ – потенцираше Заев.

Села нагласи дека неговата партија останува на истата позиција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Бујар Османи и Артан Груби од ДУИ рекоа дека не е во ред да се „кочи“процесот на интеграција на Македонија кон НАТО. 

Слично

Поврзани вести