Дали Арсовска била на таен состанок кај Ковачевски?
Арсовска не била на таен состанок кај мене, вели премиерот Димитар Ковачевски за скопската градоначалничка Данела.
„Најпрвин ниту градоначалничката на Град Скопје, ниту било кој бил на таен состанок кај мене“, изјави Ковачевски.
Инаку, Арсовска денеска не присуствува на 21-та седница на Градското собрание од здравствени причини. Претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески кажа дека добил порака од Арсовска дека не може да присуствува на денешната седница. На седницата се разговара за колапсот со јавниот превоз.
Слично
