Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали албанската полиција ги крие снимките од бегството на Груевски?

Дали албанската полиција ги крие снимките од бегството на Груевски?

Албанската полиција нема конкретен одговор за снимките за бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

Генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу, одби да одговори на ова прашање. 

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески минатиот месец изјави дека снимките кои Албанија требаше да ги достави до Македонија за бегството на Груевски не се доставени до македонското обвинителство, затоа што биле избришани.

Обвинителката Вилма Рускоска, истакна дека во Црна Гора имало снимки од Груевски во автомобил со двајца дипломати од Унгарија.

Два дена пред изјавата на Јовески, албанските медиуми објавија дека властите ќе им ги достават снимките на властите, и дека сигурносните камери го снимиле моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја поминува македонско-албанската граница.

Албанската полиција на 15 ноември информираше дека на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот Груевски излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на Амбасадата на Унгарија во Тирана.

Но, до денес нема одговор каде Груевски ја минал македонско-албанската граница, освен шпекулациите дека тоа го направил преку официјалниот премин „Блато“ кај Дебар или нелегален премин во негова близина.

Груевски вчера имаше интервју од Будимпешта за Сител, но не кажа дали легално или илегално ја поминал границата, туку кажа дека власта треба да го открие тоа затоа што рекле дека водат истрага. 

Груевски не побегнал во последен момент туку во детали го планирал бегството, тврдат од Обвинителството за телевизија Телма.

Оттаму велат дека тој во вчерашното интервју на Сител не ја говорел вистината и манипулирал со јавноста бидејќи во истрагата собрале докази кои потврдуваат дека тој почнал да го планира бегството два месеци претходно, во септември.

Тоа се поклопува со информацијата на СЈО дека тој токму во септември ги повлекол сите пари од банкарските сметки во Македонија.

На почетокот на ноември Груевски избега во Унгарија, каде доби политички азил. Со тоа избегна да оди во затвор за случајот „Тенк“. 

Слично

Поврзани вести