ДАЛИ АФРИМ ГАШИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОТИДЕ ВО КОСОВО „ПО НЕВЕСТА“?: МВР проверува, па ќе соопшти
Министерството за
внатрешни работи проверува дали собранискиот спикер, Африм Гаши со службено
возило денеска отпатувал во Косово, откако тамошните медиуми објавија видео, на
кое наводно се гледа регистарската табличка. Од МВР велат дека надлежните
служби во моментов ги проверуваат овие информации.
„Се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од Министерството за внатрешни работи, во одговорот до медиумите.
Инаку, видеото
кое наводно го покажува службеното возило на Гаши го објави порталот Индекс,
кој во описот наведува „Африм Гаши со службен автомобил оди да ја земе
невестата“.
ЛДП веднаш праша дали Гаши носел со себе патен налог и како може да го оправда патувањето и употребата на службеното возило.
