ДАЛЕ ПАРИ НА РОДИЛКА И ГО ЗЕМАЛЕ ДЕТЕТО: Oткако не сакале да го вратат, полицијата ги уапси
М.М. жена од Куманово на возраст од 41 година пријавила во полицијата дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од селото Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче.
Пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи.
Таа се породила на 18 февруари, а на 20-ти излегла од болница и ја пречекале сопружниците. Тие предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив. Следниот ден таа го оставила бебето во нивниот дом и од А..М.(39) добила пари, а кога побарала по два дена да си го земе бебето, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив. Доцна синоќа околу 01.40 часот, полициски службеници ги привеле сопружниците.
