Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДАЈТЕ НЕ СМЕ ТОЛКУ ДИГИТАЛНО НЕПИСМЕНА НАЦИЈА“: Ина Многуфина распали за ценовните на маркетите 'ексел со цени како да им работиме во магацин'

„ДАЈТЕ НЕ СМЕ ТОЛКУ ДИГИТАЛНО НЕПИСМЕНА НАЦИЈА“: Ина Многуфина распали за ценовните на маркетите 'ексел со цени како да им работиме во магацин'

Долгонајавуваниот и на големо очекуван ценовник на супермаркетите кој од вчера требаше да почнат да го применуваат заедно со аптеките и продавниците за технолошка опрема и мебел наиде на осуда од општесетвените критичари. 

Меѓу првите кои остро реагира на листите на маркетите е веќе добро познатата Ина Многуфина. 

- Два месеци оптеретија од фалење дека цените ќе ги добиеме на интернет од супермаркети ко да измислија интернет и дигитализација, за на крај да добиеме оптегнати табели со цени со по 15 000 производи кои нит се пребаруваат нит се подредени по азбучен ред. Демек некој ќе седне и ќе ги чита списоците со производи од 15к за да види колку кошта некој производ? И тоа демек треба да биде од помош? 

За два месеци се полни сајт со слики од сите производи и цени, се прави административниот дел така да се внесат промените лесно, а корисникот да го види производот и цените. 
Пдф или некој ексел со цени како да им работиме во магацин па ради реда ставено, нит е од помош нит е некој модел што ќе помогне. 
За ова беше фалењето, за непрегледни списоци? Жити моделот. Па уште и супермаркетите не стигнале па барале уште време? За шо време, за да прикачат список? Дајте не сме толку дигитално неписмена нација - напиша Ина на својот Фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести