„ДАЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ НЕКА СЕ ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА“: Куновска по последниот пожар во околината на Скопје
Дајте бре луѓе нека се воведе вонредна состојба, нека се ангажира армија, полиција, нека се воведат мерки за заштита на населението, нека стори некој нешто.
Ова го напиша денеска на социјалните мрежи Софија Куновска, која во последниве години важи за општествен критичар против сите неправилности во земајва.
-Како е можно вака лабаво и комтно да се однесуваат институции кои се одговорни за здравјето и безбедноста на граѓаните?!
Токму ли сме сите што молчиме и дремеме? - напиша Куновска во објавата на Фејсбук.
Таа не е единствената, напротив голем број граѓани револтирано коментираат на социјалните мрежи поради бројните пожари кои избија во последните денови, но и поради загадувањето кое се шири по пожарите во Вардариште и Дрисла.
