„ДАЈТЕ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СООБРАЌАЈКАТА ДА НЕ БИДЕ ПРИЈАВЕНА“: уште една жртва на измамите со лажни сообраќајни незгоди
Нов случај со измамени сограѓани за наводна сообраќајна несреќа во која учествуваат членови од потесното семејство. Министерство за внатрешни рабори соопштува дека е пријавен уште еден случај со измама со лажна сообраќајка, а овој пат жртва е велешанка која е измамена за сума од 10.000 евра
- На 03.09.2025 во 18:20 часот во СВР Велес, 76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето и се јавило на фиксен телефон, се претставило како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината ќерка со сопругот направиле сообраќајна несреќа и притоа прегазиле мало дете и дека треба да плати за да не бидат пријавени во полиција.
Според пријавеното, откако се договориле, ги однела на договореното место, а откако ја слушнала ќерка си сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во соопштението на МВР.
Слично
