Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дафина Стојаноска на говорница го искина францускиот предлог

Дафина Стојаноска на говорница го искина францускиот предлог

Современите македонски администратори поднесоа лажен документ кој го кинам пред вас, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. 

Вели дека без печат од македонскиот народ ниеден документ нема да има легитимитет.

„Со вакви современи македонски администратори, нас веќе не ни се потребни ниту внатрешни ниту надворешни окупатори, фашисти, нацисти, терористи“, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. 

Таа побара пауза од еден час, за кое време, кажа, Собранието да ѝ го врати на Владата лажниот документ, што Владата му го подметна на Собранието иако станува збор за одржување на меѓувладина конференција. Претходно, десет дена имаше протести против францускиот предлог во Скопје. И денеска напладне пред Собранието имаше протести. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести