Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дадени сите гаранции за Африм Исмаиловиќ, на потег е Косово

Дадени сите гаранции за Африм Исмаиловиќ, на потег е Косово

Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за МИА потврди дека косовската страна побарала и добила гаранции дека доколку Африм Исмаиловиќ, биде екстрадиран во земјава, ќе има повторено судење за осудениот во „Монструм “ за петкратното убиство кај Смилковско езеро, 

– Тие гаранции Судот ги даде, и преку Министерството за правда уште пред десетина дена се веќе испратени. Се уште нема одговор од косовска страна, вели Видиновски за МИА.

До косовските власти е испратена информација дека се што е потребно како гаранција, доказ, превод на пресуда, ќе им се излезе во пресрет со цел Исмаиловиќ да биде испорачан во земјава.

– Министерството за правда ќе преземе се што треба и ќе инсистира лицето Африм Исмаиловиќ да биде екстрадиран во Северна Македонија, додаде Видиновски.

Инаку Законот во Македонија овозможува секој што е осуден во отсуство, да има право да бара повторено судење.

На 1 април по сообраќајна несреќа во Косово, Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. МВР беше известен дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.


Слично

Поврзани вести