ДАДЕН ИМ Е РОК ОД 10 ДЕНА: Функционерите ќе објават кои им се советници и колку пари добиваат
Функционерите имаат 10 дена да ги кажат имињата и надоместоците на советници.
Тие ќе треба да ги објават имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници, како и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина.
Ова е одлука од денешната седница на Владата.
Владата постапувала по препораката на ГРЕКО.
Информациите треба да ги достават од кабинетите на премиерот, на вице-премиерите, на генералниот секретар на Владата и на министрите.
Слично
